Првообвинетите за убиството кај Смилковско Езеро остануваат во Косово

Министерството за правда на Република Македонија не може да обезбеди одговор кога првообвинетите во случајот Монструм, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, ќе ѝ бидат испорачани на Македонија.

Претседателот на Судскиот совет Огнен Ставрев денеска по трети пат се обратил до Министерството да се информира за постапката, а добил одговор дека постапката е во тек, но се уште нема конкретен одговор од Косово за екстрадиција.

Основниот суд во Приштина на 29 октомври 2015 година донесе одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“.

На 12 април 2012 година кај Смиљковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

За случајот „Монструм“ обвинети се 6 лица.

new nike air max 2019