Прво се степале меѓу нив, па на паркинг оштетиле такси возило и го натепале таксистот - четири лица ќе одговараат кривично

Двајца мажи од село Желино, еден од село Требош и еден од село Прељубиште, општина Јагуновце ќе одговараат кривично поради тоа што во декември по физичка пресметка меѓу нив, на паркинг простор оштетиле такси возило и физички го нападнале таксистот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино, општина Желино, С.И.(46) од с.Требош, тетовско и И.К.(38) од с.Прељубиште, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 07.12.2025 во угостителски објект, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што подоцна на паркинг простор оштетиле такси возило и физички го нападнале возачот.