Прво се обидел да го ограби во домот, па му скокнал да го тепа на автобуска постојка во Центар

Непознато машко лице нападнало 61-годишен скопјанец на автобуска постојка во Центар, а истото претходно се обидело да изврши кражба во неговиот дом.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, З.А.(61) од Скопје пријавил дека околу 05:55 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно машко лице, кое претходно се обидело да изврши кражба од неговиот дом, се обидело да го нападне со тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.