Прво анализи, па ако треба и забрана на „Тик-ток“, најави Шаќири

Министерот за образование и наука на Република Македонија, Јетон Шаќири кажа дека не е исклучена можноста целосно да се забрани употребата на „Тик-ток“ во државата.

Шаќири кажа дека се вршат анализи, по што ќе биде донесена конечна одлука за судбината на апликацијата.

-Ќе побараме од институциите кои се занимаваат со сајбер безбедност да подготват извештај. Сè додека не завршат анализите, се размислува за привремена забрана на „Тик-ток“, а потоа ако е потребна и целосна забрана, кажа Шаќири.