Првиот Виз Ер лет од Скопје слета на аеродромот во Малта (фото)

Првиот лет на Виз Ер од Скопје до Малта успешно слета на интернационалниот аеродром во Малта, вчера во раните утрински часови.

Со ова се воспоставува уште една врска на Малта со балканскиот полуостров - пишуваат тамошните медиуми.

Летот од Малта до Скопје и обратно ќе се реализира два пати неделно, секој понеделник и петок. Со реализација на овој лет скопскиот аеродром „Александар Велики“, ТАВ Македонија денеска го одбележа воведувањето на трите нови дестинации – Малта, Рим и Ваксјо, како и одлуката на Виз ер да инвестира во поставување на 4-от воздухоплов во нејзината база во Скопје.

На новите рути од Скопје до Малта, Рим и Ваксјо, ќе се лета со модерниот Ербас А320 со 180 седишта. Патниците можат да ги резервираат авионските билети на wizzair.com со цени почнувајќи од 1.119,99 денари.