Првиот трејлер за новата филмска приказна за Марија Стјуарт - наскоро во македонските кина

Филмот „Марија Стјуарт кралицата на Шкотска” го истражува турбулентниот живот на харизматичната Мери Стјуарт, портретиран од Сарис Ронан, додека кралицата Елизабета ја игра Марго Роби.

Откако на 16 години ќе стана кралица на Франција и на 18 години вдовица, таа одбива повторно да се омажи. Наместо брак, таа се враќа во својата родна Шкотска за да го врати тронот што ѝ припаѓа. Меѓутоа, со Шкотска и Англија владее неодоливата Елизабета Прва.

Двете млади кралици се гледаат една со друга во страв и слабост. Ривалки во власта и во љубовта, женски регенти во светот во кој доминираат мажите, тие ќе мора да одлучат како да играат игри за бракот и независноста. Решена да биде владетелка, а не само фигура, Марија се повикува на правото да го преземе англискиот престол, загрозувајќи го суверенитетот на Елизабета. Предавство, бунт и заговор ги загрозуваат двата престола и го менуваат текот на историјата.

Филмот пристигнува во кината во февруари.