Први регистрирани случаи на омикрон во Албанија

Првите два случаја на новиот сој омикрон се потврдени во Албанија, изјави денеска Еугенa Томини, директорка на Институтот за јавно здравје.

Таа прецизира дека овие случаи се потврдени со лабораториска дијагностика, пренесуваат албанските портали.

Според неа, делта-сојот сè уште е доминантен вид на коронавирусот во Албанија.