Први проблеми за Лино Червар, дел од ракометарите веќе го напуштија Маврово

Први проблеми за селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар за време на подготовките за Светското првенство во Франција.

Поради вирус дел од ракометарите не само што се надвор од тренанжен процес, туку морале да ја напуштат базата во Маврово.

Марко Нелоски и Стефан Дрогришки засега се двајцата играчи кои се вратиле во Скопје. И кај младинците ситуацијата е лоша, од вкупно 15 ракометарите дури шест се болни и не тренираат.

Инаку најавените репрезентативци пристигнаа во Маврово,а тимот најверојатно ќе биде комплетен на 27 декември, кога треба да се приклучат Филип Миркуловски и Дејан Манасков.