Први мај го наполни и Дојран со туристи

Први мај го наполни Дојран со туристи. Полни угостителските капацитети, но и викенд куќите од приватното сместување. 

Според проценките на локалната самоуправа денот на трудот покрај брегот на Дојранското езеро ќе го поминат околу 10.000 туристи. За разлика од претходните години кога најголемиот процент беа домашни,  годинава   има и голем број странски гости.

,, Освен домашни туристи имаме и голем број на странски туристи . Имаме максимална исполнетост на капацитетите која што е несомнена за овие првомајски празници, вели градоначалникот на Дојран.

Оваа година причина плус за полните капацитети во Дојран е и богатата музичко забавна програма  која привлече голем број туристи од помладата генерација.

,, Има доста богата ноќна понуда од самите угостителски објекти која што се однесува претежно за помладиот дел од публиката кој што во проценти е и најголем посетител за првомајските празници , така што се надеваме дека сите ќе бидат задоволни  од посетата на Дојран како туристичка дестинација, вели тој. 

Покрај викенд гостите традиционално вчера во Дојран имаше и голем број еднодневни туристи, претежно од околните градови  кои дојдоа на прошетки и пикник со скара покрај езерото.