Првата работа која ќе ја видите на сликата го открива вашиот најдлабок страв!

Стравот е сосема нормален одговор на потенцијалната опасност. Сепак, нашиот ум можно е да ги поврзува чудните симболи со потенцијална опасност на сосема поинакво ниво. Сликата којашто ќе ја видите е совршена слика за психоанализа на вашите најголемите стравови.

Првото нешто што ќе го забележите на сликата открива многу за вашиот најголем страв.

Анализата е лесна и многу ефективна. Единствено нешто што треба да направите е да прочитате нешто повеќе за симболот кој прво ќе го забележите:

Што видовте прво на сликата? Резултатите прочитајте ги на следната страна...

 

Што видовте прво на сликата?

Малечко девојче

Ако првата работа што ја видовте на сликата е малечко девојче, тоа значи дека вашиот страв потекнува од поттиснати чувства од детството. Постојат различни настани кои можат да влијаат на умот на детето. Ако не се решат на време, тие подоцна може да се појават во повозрасните години во облик на стравови, зависности, шаблони и неубави копнежи. Врската со вашата мајка е многу важна за емотивниот развој. Ако детето помине многу време разделено од својата мајка или ако мајката не била многу топла додека детето растело, можно е се несвесно да се проектира преку стравови. На овој начин детето може да развие страв од носење одлуку или преземање одговорност.

Пеперутка

Иако пеперутките обично се поврзуваат со позитивни работи, сепак има подлабоки несвесни значења за овој симбол кој поттекнува од потемно место. Според толкувањата на соништата, пеперутката е знак за нови можности и почетоци. Духовното значење е дека пеперутката ги пренесува душите во задгробниот живот. Ако првото нешто што го видовте на сликата е пеперутката, тогаш вашиот несвесен страв поттекнува од стравот од смртта. Другата можност е стравв од неживеење и пропуштање шанси. Исто така може да ги поттиснувате чувствата на тага за луѓе кои повеќе не се во вашиот живот.

Јагода

Јагодата е поставена совршено во центарот на сликата и е симбол за срцето. Јагодата одамна била симбол за љубовта. Постои еден мит кој вели дека кога богот Адонис умрел, Венера не можела да престане да плаче и секоја солза која паѓала на земјата произведувала јагоди. Ако ова е првиот симбол кој го видовте, тогаш вашиот најголемиот страв поттекнува од вашиот потсвесен отпор кон љубовта. Потеклото на овој страв најчесто поттекнува од детството и начинот на кој родителите се однесувале едни кон други. Но, може да доаѓа и од скршено срце од некоја од вашите први врски. Претераната големина на јагодата открива колку љубов имате да дадете. Сликата открива дека поттиснувате многу љубов во себе и се плашите да ја дадете, бидејќи мислите дека ќе бидете казнети за тоа.

Пајак

Еден од најголемите стравови кај луѓето е страв од пајаци. Тоа е еволуциски одбранбен механизам кој прави да бидеме посвесни за опасностите околу нас. Но, пајакот како симбол поттекнува од подлабок страв кој укажува на тоа дека нашата околина не е безбедна. Ако пајакот е нешто што прво го видовте на сликата, тоа значи дека вашите стравови потекнуваат од вашата неможност да се чувствувате безбедно во вашата околина. Вие секогаш обрнувате внимание на детали и барате опасности дури и во најбезбедните места. Вашиот страв од опасност ве спречува да се препуштите на убавите и среќни моменти и премногу анализирате. Сосема е можно да се соочувате со анксиозност и панични напади.

Дрва

Дрвото е моќен психолошки симбол. Еден од најдобрите психоаналитички тестови ја оценуваат психата на човекот според позицијата на која тој го црта дрвото на лист хартија. Дрвото е симбол за нашите корени и во овој случај има подлабока симболика. Две дрва кои прават мост најверојатно значат дека во нас постои внатрешен конфликт кој сѐ уште не сме го решиле. Се работи за емотивна подвоеност која не сме ја решиле. Ако првото нешто што сте го виделе се двете дрва, тоа значи дека вашиот најдлабок страв поттекнува од прифаќањето на оваа потсвесна емотивна подвоеност. Вие се плашите да прифатите некои делови од себе. Го развивате вашиот идентитет околу оваа сенка и одбивате да ја споите со себеси. Повеќето од нас ги познаваат сопствените сомнежи и несигурности. Како и да е, ефектот не е ист како тоа друг да ви ги открие истите. Соочувањето со вашите сенки може да биде многу моќна работа.

Кадифени мечиња

Секое дете наоѓа одреден вид утеха во тоа да го гушне своето омилено мече. Тоа е место за бегство за секое дете и му дава чувство на безбедност и топлина. Тоа е она што самото мече претставува, пријател кој безусловно разбира, безбедно место полно со топлина и љубов. Но, мечињата на оваа слика се чудни и фактот дека сте ги забележале нив е навистина интересен. Вие се плашите од страв. Овој страв поттекнува од некоја траума која најверојатно се случила за време на вашето детство, настан кој ве исплашил и во тие моменти не сте имале некој да ве утеши.