Првата електрична светилка во Скопје светнала во 1909 година, во оваа просторија!

Скопјанецот Омко Гициќ во фејсбук групата „Стари скопјани“ сподели интересно искуство во врска со првата електрична светилка во градот. 

-Првата електрична светилка во Скопје светнала во 1909 година, со помош на мала дизел електрична централа, која служела за напојување на пумпната станица за потребите на град Скопје, а која била изградена во 1907 година за време на отоманската империја. Оваа централа постоеше до пред 2 години кога после многу децении мојата нога прва стапна во нејзината внатрешност, секако ентериерот претрпел измени од нејзината првична градба, а и самите инструменти биле усовршувани и модернизирани низ годините потоа, раскажува тој. 

-Не знам дали се уште постои (ќе проверам), се наоѓа под Кале веднаш зад спортската медицина или зад ЕВН. Значи се најдов во просторијата во која за прв пат светнала светилка во Македонија пред 115 години. Еве за вас стари скопјани мала ексклузива и вистинска ретка прилика да се најдете во внатрешноста на таа, за Скопјани историска просторија, од која напрво водата била за прв пат директно дистрибуирана до домовите на Долниот Град, а по 2 години тука во неа светнала и првата сијалица, со повеќе фотки од надворешниот и делот со инструментите и дел од таа инсталација.