Прва полна Месечина за оваа година: Што им носи на хороскопските знаци?

Секој лунарен циклус е различен и ни носи различни искуства и лекции. 

Оваа полна Месечина се нарекува волчја полна Месечина и настапува во знакот Рак, што значи дека ќе донесе интензитет во нашите емоции. Ќе се зголеми емпатијата и ќе ги подобри нашите односи со другите луѓе. Сепак, таа носи и непредвидливост и тешкотии за некои од нас, зависно од поставеноста на нашите куќи.

Овен

Во изминатиот период бевте насочени кон исполнувањето на вашите цели и покажувајќи се пред другите, а тоа ви донесе одреден успех, но пред вас е и долг пат. Затоа, бидете внимателни бидејќи можете да бидете опседнати со кариерата и она што се случува на работното место и да заборавите на тоа како се чувствувате, па и на некои важни работи во домот.

Бик

Вие се обидувавте да најдете некоја смисла во светот и да ги видите работите низ нов агол или нова перспектива. Но, внимавајте бидејќи кога сте фокусирани на големата слика, често заборавате на деталите во целиот процес. Некогаш, вистината е важна и не е најпријатна, но таа е важна за да се откриеме себеси и да тргнеме напред кон нешто што ни значи. Друг пат, вистината нема смисла и треба да го прифатиме тоа, но тоа не значи дека таа не постои.

Близнаци

Во последно време оптоварени се со емоционалната енергија, а во голем дел таа не е ниту ваша, туку на луѓето околу вас. Вашето срце е отворено и тоа е во ред, но за некои луѓе треба да поставите јасни граници.

Рак

Ако некој се обидува да ви каже кои сте, сосема природно е да им верувате. Некогаш вам ви е и полесно да им дозволите на другите да зборуваат за вас, но никогаш не заборавајте кои сте. Вие не сте глина која другите можат да ја моделираат според своите потреби, туку личност со ставови и свој карактер. 

Лав

Како воден знак, вие секогаш мислите дека секој проблем може да биде решен, но постои дел од вас на кој треба да поработите и да не го гледате како проблем. Најдете време за себеси и видете што е важно да се смени за да се чувствувате подобро.

Девица

Кога ќе се препуштите на нешто што прави да се чувствувате живо, грабнете ја првата опција и искористете го тоа. Ова е период кој ја буди вашата креативност и ве потсетува колку е важно да се посветите на своите интереси и хобија. Не се плашете да ја споделете оваа страст со другите, туку напротив, најдете начин да се поврзете со нив преку ваква активност.

Вага

Кога сте во сигурен простор, сосема очекувано е да посакате да останете таму, но не се потпирајте прекумерно на работите кои се предвидливи и познати за вас. Најдете начин да излезете од својата сигурна зона и да направите нешто што ве плаши. Тоа ќе ви ја открие страста и љубовта во себе.

Шкорпија

Работите за кои зборувате имаат моќ да ја дефинираат вашата реалност. Ако зборувате за незначајни нешта, тогаш тешко ќе најдете значење во нив. Ако сте фокусирани на озборување, тогаш постојано ќе мислите дека и другите ве озборуваат за вас. Затоа, најдете го она што ве прави среќни и фокусирајте се на тоа.

Стрелец

Ова е транзит кој ви носи силен инстинт да се заштитите себеси и сосема е во ред да го направите тоа. Пред да пуштите некој во својот живот, осигурајте се дека тие се личност на која можете да и верувате. Сепак, претераната заштита не е здрава и затоа најдете начин да го пронајдете својот баланс. 

Јарец

Вкусот на моќта ви носи желба за повеќе, а кога се чувствувате моќни, вие сте незапирливи. Но, имајте на ум дека моќта е привремена. Ова е транзит кој ќе ве инспирира да најдете заеднички јазик со саканата личност или пак конечно да дадете шанса некому. Не се борете за моќта, изборете се за баланс.

Водолија

Вашата потсвест ја креира вашата реалност. Од тоа се сочинети вашите мисли, желби и стравови. Но, штом имагинацијата ја победува реалноста, време е да се фокусирате на она што го имате пред себеси. 

Риби

Во последно време бевте фокусирани кон покажување лојалност кон другите и насочувајќи го својот фокус кон оние кои ви се важни. Сепак, кога сте премногу посветени на другите често заборавате на себе, а овој транзит ќе ве инспирира да го пронајдете она што ви создава убавина во душата. Дајте си ја почитта и љубовта која ја заслужувате.