Започнува првата ликовна колонија во Кисела Вода, која ќе се одржи овој викенд (11,12,13 октомври) во Домот на култура во Драчево.
„Со оваа манифестација која за првпат се одржува, имаме за цел да го збогатиме културниот капацитет и потенцијал на општината и истата ќе биде збогатена со дела од реномирани автори од Македонија и регионот кои ќе бидат изложени во културните домови во Кисела Вода.Во петок, во 10 часот се тргнува со организиран превоз од собирно место пред паркингот кај општината, а потоа следува прошетка до црквата Свети Ѓорѓија и легендарната ,,чешма” според која е настаната Кисела Вода, месноста Пеленица и други локации во Драчево. Пристигнување во домот во Драчево околу 12 часот и творење до 16 часот, па враќање дома“, се вели во постот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски
Општината ги објави и термините за тргнување со огранизиран превоз:
Сабота: тргнување со организиран превоз од пред паркингот кај општината во 11 часот.
Недела: тргнување со организиран превоз од пред паркингот кај општината во 11 часот.