Прва хируршка интервенција против енормно потење во Македонија

Торакални хирурзи при Клиничката болница Тетово минатата недела прв пат извршија интервенција применувајќи нова метода со која кај пациентка е спречено прекумерно потење, пишува Телма.

Новиот начин на интервенција претставува различна хируршка постапка од досегашната практика во дел од нервниот систем со цел да се спречи енормното потење.

– Специјалистите торакални хирурзи од Клиничка Болница Тетово извршија прва интервенција на хиперхидроза, кое значи енормно потење. Операцијата се изведе со методот клипсирање со помош на минимално инвазивна симпатектомија. Пациентка со хиперхидроза по интервенцијата немаше симптоми на потење и се врати во нормалниот живот, информираат од тетовската клиничка болница.

За интервенцијата лекарите имаа стручни совети и едукација од лекари од Шпанија.