Прв смртен случај од корона во српската влада: Почина државниот секретар за животна средина

Државниот секретар во српското министерството за животна средина Бранислав Блажиќ почина утрово од корона вирусот, потврди министерот за животна средина Горан Триван во изјава за српскиот портал курир

"Бранислав почина денес попладне во Белград. Испраќам сочувство на семејството и пријателите. Тој беше прекрасен човек. рече Триван, додавајќи:

"Не сум во состојба да давам обемни изјави затоа што јас и Триван многу долго се познававме. Не бевме само соработници туку и пријатели. Тешко ми е да зборувам. Неговата смрт покажува колку е страшно ова и колку ова е сериозно и колку сериозни треба да бидеме сите кога е во прашање корона вирусот“. 

Инаку, според последните податоци бројот на потврдени случаи со корона вирусот во Србија е 1060 лица.