Прв Национален и Меѓународен Натпревар во Уметничко Лизгање

На 24 и 25 февруари (петок и сабота) на ВИП лизгалиште во СЦ Борис Трајковски – Скопје ќе се одржи Прв Национален и Меѓународен Натпревар во Уметничко Лизгање во Македонија “Skopje on ICE 2017”.

Натпреварот е организиран од Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија во соработка со СЦ Борис Трајковски. На него ќе учествуваат 63 натпреварувачи од кои 31 натпреварувач од Македонија и 32 натпреварувачи од странство (Србија, Грција, Шведска и Словенија).

Овој натпревар има историска важност за Република Македонија затоа што е прв натпревар во уметничко лизгање воопшто одржан во нашата држава.