Прв македонски календар со фотографии на пожарникари - спасители

На 20 февруари 2019 година (среда) со почеток во 20 часот во скопскиот бар - ресторан „Колектив“ ќе биде промовиран првиот македонски календар со фотографии на пожарникари – спасители на Скопската противпожарна бригада.

Календарот содржи 13 колор фотографии на пожарникари – спасители од сите четири чети на противпожарната бригада, а фотографиите се снимени во самата бригада, при што се прикажани и дел од возниот парк и личната заштитна опрема на пожарникарите. Организатор на проектот е пожарникарот Михаил Караколев, автор на календарот е фотографот Димитар Апостолов, а за кастингот се погрижи Ненад Келебиќ.

Промоцијата на календарот е од отворен карактер и на неа можат да присуствуваат сите почитувачи на скопските пожарникари и љубители на фотографската уметност.

Инаку, промоцијата требаше да биде одржана на 14 февруари, но беше одложена поради трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово кај село Ласкарци, во која настрадаа 15 луѓе, а триесетина беа повредени.