Прв лет Варшава - Охрид

Авиолинија на релацијата  Варшава - Охрид  се воведува од денеска, во организација на  тур-операторот „Rainbow“. 

Првото слетување од Варшава на аеродромот „Св. Апостол Павле“ е предвидено за попладне во 16:20 часот.

Најавени се обраќања на  Јигит Лачин, аеродромски координатор на ТАВ Македонија, Јован Стојаноски, градоначалник на Охрид и Катажина Пташињска, конзул на Полска во Македонија. 

На Охридскиот аеродром вчера пристигна и првиот авион на „Нордика“ со што стартуваше сезонската директна авионска линија од Талин.

Годинешната летна туристичка сезона на Охридско-струшката ривиера беше отворена на 15 април со првиот лет од Истанбул. Во мај почнаа да оперираат и авионите од Ајндховен, како и чартер летовите што веќе собраќат од  Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, а тука се и трите редовни авионски линии до Базел, Цирих и Лондон.

Во првите пет месеци од годинава преку двата аеродрома во Македонија се превезени в822.678 патници, со пораст од 20 проценти на годишно ниво. Вкупно се реализирани  7.196 летови што исто така е зголемување од 17 отсто на годишно ниво.