Градот Скопје денеска го објави јавниот повик повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. 

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. За да аплицирате треба граѓанинот да е жител на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари); подносителот на барањето досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје; велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на jавниот повик и да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед).

Целиот јавен повик граѓаните можат да го видат  ТУКА