Прв до врв: Виртуелна есенска трка во трчање

Во согласност со најновите заострени мерки на Владата и Комисијата за заразни болести, трката Есенска 5К, која требаше да се одржи на 31 октомври, ќе се одржи во формат и времетраење прилагодени на околностите предизвикани од здравствената криза.

Организаторот на виртуелната трка Здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје инфмормира дека наместо масовна трка на 5 километри во еден ден, трката ќе трае цел месец и ќе се состои од два дела. Првиот, т.н. виртуелни квалификации, во кои учесниците почнувајќи од 31 октомври па се до 25 ноември, ќе се натпреваруваат преку свои индивидуални активности во трчање на 5 километри, а чии резултати ќе ги споделуваат во виртуелната платформа на ПРВ ДО ВРВ. Вториот дел, ќе биде реална финална трка со најдобрите петмина од виртуелните квалификации и ќе се случи на 29 ноември.

Овој изнуден модел има и свои предности, а пред се, што сега во трката ќе можат да учествуваат и натпреварувачи од цела Македонија, ќе можат да учествуваат за време на виртуелните квалификации со неограничен број на активности, а најдобриот резултат ќе им биде земен предвид при рангирањето итн. Но пред се, ваквиот формат на трка во преден план ги става заштитата на учесниците од зараза и е во склад со пропишаните мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Сите пријавени учесници за трката, автоматски се пренесуваат во виртуелната трка, а сите оние кои го испуштија рокот за пријавување, сега можат да се приклучат кон натпреварот и можат да се пријават најдоцна до 15 ноември преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Мерењето на времето е со користење на бесплатната апликација Strava, чии податоци ав-томатски се преземаат од платформата на Прв до врв. Секој учесник може да оствари по-веќе активности, во било кое време во деновите додека трае трката, а најдобриот резул-тат ќе биде земен предвид при рангирањето.

Најбрзите тројца во машка и женска конкуренција на финалето кое ќе се одржи во Скопје на 29 ноември, ќе бидат наградени со златен, сребрен и бронзен медал, како и парични награди од 3000, 2000 и 1000 денари.

Трката е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.