„Прв до врв“ по четврти пат

По четврти пат се одржа манифестацијата „Прв до врв“ на скопската планина Водно. 
Овогодинешната манифестација-најмасовна! Многу млади луѓе, професионални спортисти и рекреативци, ја искачуваа планината Водно, натпреварувајќи се кој прв ќе го освои врвот. 

Планинарејќи, трчајќи или возејќи велосипед. Целата манифестација, секоја година става главен акцент на зачувување на животната средина. Во рамки на настанот, веднаш по трките се одржа пикник и еко-музички фестивал, каде гостите ги забавуваа Слаткаристика, Бета Хаус и Диџејот Гоце САФ.

Победниците во одделни категории беа: Ивета Алексиева и Даниел Јаковлевски во друмски велосипедизам, во категоријата планински велосипедизам први беа Цвета Кушовска и Александар Ѓуровиќ. Со трчање до врвот најбрзо стигна Марија Стојановска.