Прв број на списанието за книжевност за деца и млади „Нов круг“

Издавачката куќа „Феникс“ почна да објавува ново списание за книжевност за деца и млади „Нов круг“. Во првиот број на повеќе од 150 страници се објавени прилози од дваесетина автори, во рубриките: Темат, Творечка работилница, Мостови и Паноптикум.

„Нов круг“ е меѓународно списание за книжевност за деца и млади во кое прилозите се објавуваат на оригиналниот јазик на кој се создадени, но и во превод и препев на повеќе јазици.

- Во овој број тематот е посветен на новата книжевност за деца и млади кај нас и во странство, при што се опфатени најсовремените автори, дела, процеси, појави и тенденции во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Германија, Бугарија и други земји, соопшти „Феникс“.