Проверувајте ги вашите силни пријатели, тие се обично оние кои страдаат во тишина...

Ако сте имале доволно среќа за да имате силни пријатели кои биле покрај вас и во добро и во лошо, сигурно знаете дека овие луѓе се вистински воини. Тие немаат навика да ја покажуваат својата ранливост, но најчесто тие се оние кои секогаш имаат одлични совети и даваат поддршка на оние кои ги сакаат. Тие секогаш ги проверуваат своите пријатели за да се осигураат дека се добро.

Но, дали некогаш сте се запрашале како се чувствуваат?

Силните луѓе заедно со вас ќе ги пребродат сите бури, тие секогаш се тука за да ве ислушаат, имаат трпение за да ви помогнат да најдете решение за проблемите и оние кои секогаш нудат рака за помош. Но, како се чувствуваат тие? Овие луѓе исто така се соочуваат со предизвици, иако не зборуваат за тоа. Тие делуваат силно, но во својата душа се кревки и имаат потреба некој да се грижи за нив. Силите личности понекогаш мислат дека другите не го забележуваат нивното страдање. На нив можеби им е потребна помош, но нема никој кој би им ја понудил таа помош. 

Иако тие можеби се чувствуваат осамено и знаат дека нивните пријатели се грижат за нив, сепак е тешко да се справат со обземувачките чувства на осаменост и отуѓеност. Овие личности секогаш ги сметаме за силни и често забораваме дека и на нив им е потребна помош.

Ако имате силни пријатели, направете сѐ што можете за да ја покажете вашата љубов и грижа пред да забележите дека тие пропаѓаат пред вашите очи. Не им дозволувајте да ја изгубат надежта и трудете се секогаш да бидете покрај нив. 

Одвреме-навреме проверувајте како се, бидејќи најверојатно тие никогаш нема да побараат помош, иако им е потребна. Запомнете дека тие секогаш биле покрај вас и дека и вие треба да возвратите на тоа. Тие ќе ги ценат дури и најмалите гестови. 

Пријателите треба да ги тргнат маските и да покажат како се чувствуваат. Објаснете им дека е сосема океј да признаат дека се ранливи и слаби и понудете го своето рамо на кое тие ќе можат да си кажат што им лежи на душа.