Проверете тука дали имате долг кон УЈП

Управата за јавни приходи денес објави нова листа на должници бр. 10/2017 за долговите доспеани до 30.06.2017 и неплатени до 30.09.2017 година и неплатени до 30.09.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот долг е повисок од 120.000 денари за физички лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правни лица.

На листата има над 4.200 должници меѓу кои има и државни компании, но и звучни имиња на познати македонски бизнисмени и приватни компании.

Целата листа на УЈП може да ја видите тука.