Проверете си го пасошот пред да одите во странство - повеќето земји бараат најмалку шест месеци валидност

Многумина кои одат на пат забораваат да проверат дали важноста на пасошот е се уште валидна. Повеќето земји бараат најмалку шест месеци валидност за да ви дозволат пристап и влез. 

Ова се прави од чиста претпазливост за да се осигура земјата дека и за време на заминување ќе имате валидни документи со вас. 

Повеќето земји бараат да имате пасош кој не истекува во наредните шест месеци за да ви дозволат да влезете, но има и исклучоци. Нов Зеланд за влез не ви бара виза, а пасошот е доволно да ви биде активен само на денот на пристигнувањето. Канада наложува да имате валиден пасош само во периодот додека претстојувате во земјата.

Во останатите земји, како што се земјите кои припаѓаат на Шенген зоната важи правилото дека пасошот треба да ви биде валиден најмалку шест месеци откако ќе се вратите во Македонија.