Проверен рецепт за среќа: Секое утро поставувајте си ги овие прашања

Живееме во свет каде работите се одвиваат брзо и сите сакаме да имаме повеќе и главниот фокус на повеќето луѓе им е ставен на материјалните работи.

Често забораваме да ги цениме работите кои се суштина на животот. Многу луѓе имаат пари, но тоа не ги штити од болести, тие не купуваат искрени пријателства, ниту вистински и искрени прегратки. 

Кога ќе помислите дека животот не е фер, размислете уште еднаш.

Ако ги имате повеќето работи на оваа листа, вие сте вистински среќна личност:

  1. Имате барем една драга личност покрај себе и некој кој внимателно ве слуша.

  2. Имате кревет.

  3. Имате топла вода.

  4. Имате достапна медицинска нега.

  5. Се чувствувате сигурно во вашиот дом. 

  6. Имате семејство кое ве поддржува.

  7. Имате можност за образование.

  8. Можете да патувате (кога е тоа возможно, во некои времиња кога (ќе) нема пандемија)

  9. Се чувствувате физички и умствено добро.

  10. Имате мир во душа