Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно за подигнување на безбедноста во училишните објекти, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција во Владата.
Министерот појасни дека станува збор за десет владини препораки кои се плод на еден широк процес на консултации со добиени сугестии до академската фла и експертската јавност и истакна оти верува во ефикасноста на препораките.
-Прво, им препорачуваме на сите локални самоуправи во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи да формираат стручни тимови на ниво на општините во чиј фокус на работа ќе бидат разговори, поединечно со секое дете ученик во секое училиште. Второ му се укажува на Државниот совет за превенција на детско претстапништво да достави информации за работа и колку општински совети за превенција се опфатени и во следниот период да ја засили комуникацијата со МОН во насока на преземени активности за градење клима на доверба и добросостојба во училишта. Во активностите на Општинските совети да се предвиди вклучување на Сојузот на средношколци, образложи Шаќири.
Трето, додаде, им се укажува на сите основи и средни училишта да одржат состаноци со сите родители, старатели на тема „Подобрување на процесите, безбедност на организација и состојбите на училишните објекти и околината“, на крајот на состаноците потребно да се отворат дискусии дали се потребни училишни уиформи како кодекс на облекување на учениците, родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците и да се размисли за надополнување на постоечкиот кодекс со правила за облекување на наставниот кадар и стручните служби.
Потребно е, рече Шаќири, на овие состаноци родителите да се потсетат на законските обврски кои произлегуваат од Законот за семејство и Кривичниот закон во делот на одговорноста при извршување на родителското право. Училиштата е потребно да ги известат МОН за присутноста од страна на родителите на овие состаноци, на овие состаноци секој пеодинец треба да се запознае со веќе усвоените десет препораки.
-Во кризни ситуации кои можат негативно да влијаат на однесувањето на учениците потребно е менаџментите, наставниците и стручните служби да одговараат соодветно, да дискутираат и да влијаат на менталната состојба на младите, да понудат поддршка за надминување на предизвиците и да овозможат надминување на несигурноста и задржување на чувството на безбедност во училиштата. Секое училиште треба да направи и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците за време на часовите во просториите на училиштата. Укинување на потреба на мобилните за време на часовите ќе поттикне повеќе дискусија, размена на идеи и случно, појаснува Шаќири.
МОН и Бирото за развој на образование ќе подготват листа на ресурси за кои ќе се дискутира во одделенскиот класен час меѓу наставниците и учениците, а ќе служат за унапредување на добра состојба на учениците како на пример прирачници за животни вештини, програма за психосоцијална помош и поддршка на унапредување на добра состојба и ментално здравје на децата.
Министерот додаде дека им се укажува и се препорачува на општините и на Град Скопје во новата годишна програма за работа на училиштата да се развијат и дополнително зајакнат превенивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба, спречување дискриминација, соработка со родителите/старателите.
-Им се укажува и препорачува на директорите на училиштата да обезбедат континуирано непречени услови за стручните служби да функцонираат во училишната клима. Се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за соработници со цел да бидат отворени за учениците и доколку имаат потреба да закажат тет-а-тет средба со својот училишен психолог. МОН заедно со стручните соработници ќе формриаат работна група која ќе треба да креира протоколи за соодветна работа при обезбедување на психосоцијална поддршка и ментална здравје на учениците, рече Шаќири.
Препораките почнуваат да важат веднаш, а министерот ќе ги достави до училиштата и општините и ќе бидат објавени јавно.
Шаќири апелира на целосно почитување на препораките.