Противпожарната служба спаси куче кое беше заглавено во канал

Противпожарна екипа од Скопје, по дојава на граѓани, спаси бездомно куче кое било заглавено во канал и не можело самото да излезе.  Акцијата за спас на кучето, што ја предводеше пожарникарот Филип Стојков, се одвиваше кај  реката Серава во Општина Бутел, каде што кучето паднало во канал и веројатно се повредило при падот.

По апел на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ на терен излегоа Противпожарната служба на Град Скопје и  активисти за заштита на животните, по што кучето беше успешно извлечено од каналот.

Кучето ќе биде згрижено од  здружението и ќе биде испратено на детални прегледи во ветеринарна ординација.