Протести и блокади пред Собранието поради седницата за уставните амандмани

Пред Собранието во моментов се одржува протест против уставните измени и седницата која треба наскоро да започне.

Организаторот е здружението на граѓани “Преродба”, тие велат дека со протест и блокади пред Собранието на Република Македонија, ќе се обидат да спречат, како што велат, загрозување, притисок, закани, уценување и насилие, репресија и уништување на Македонскиот народ и на Македонската држава.

Протестите започна во 10 часот, кога всушност започна и собраниската седница на која ќе се расправа за уставните промени. Организаторите најавуваат протести секој ден од 10 до 14 часот, сè додека не се исполни барањето за поднесување оставка на актуелната власт.