Протест во центарот на Скопје - сообраќајот блокиран

Пред малку пред Собранието почна протест па поради тоа затворени за сообраќај се двете насоки на улиците 11 Октомври и Димитрије Чуповски на потегот од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата кај ТЦ. Палома Бјанка, како и од крстосницата со улица Даме Груев и Васил Главинов кон крстосницата со ул. Филип Втори Македонски и ул. Даме Груев, информираат од Град Скопје.

Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег.