Протест пред Владата за чист воздух!

Воздухот во Скопје веќе неколку денови по ред е екстремно загаден. Според апликацијата „ Квалитет на воздухот“, Скопје вчера со индекс 191 беше најзагаден град во светот.

Граѓаните за утре закажаа протест пред Влада, со почеток во 12 часот.

„Протестот не е организиран од политичка партија, организиран е од граѓани… организиран е од тебе, од мене, од твоите деца, од вашите родители, од сите нас кои дишеме загаден воздух“, се вели во повикот за протестот.