Простувајќи, се издигнуваме над оние кои нè повредиле

Денеска е Прочка, еден од најголемите празници. Освен што е време да се прости на другите, ова е и значаен ден да се побара прошка од најблиските.

Ако некој ве повреди, можеби и ќе заборавите. Но, ако вие повредите некого, тоа секогаш ќе го паметите. – Калил Џибран

Да се греши е човечки, да се простува е боженствено.  

Простувањето е лесно за другите, но никогаш за себе.  - Сенека

Простувајќи, човекот се издигнува над оние кои го навредуваат. – Наполеон Бонапарта

Слабите не можат да простуваат. Простувањето е одлика на големите. – Махатма Ганди

Простувањето не го менува минатото, но може да ја смени иднината. – Паул Буз

Простувањето се случува во нашиот ум. Тоа нема никаква врска со другата личност. – Лујза Хеј

Да си простиме себеси – само така можеме да живееме во мир. – Лав Толстој

Простувањето е знак дека личноста која ни згрешила ни значи повеќе од грешката која ја направила. – Бен Гринхал

Простувањето не значи одобрување на тоа што се случило, туку издигнување над тоа.

Бесот е како пиење отров и очекување дека тоа ќе ги уништи нашите непријатели. -Нелсон Мандела