Полицијата потврди дека познатата инфлуенсерка и мејк-ап артистка која потекнува од Македонија, Маја Јанеска, во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата, пренесува еден јужноафрикански портал.
Како што пишува порталот, Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со Кајл Филипс, ко-директор на компанија за цигари.
-Полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите за „News24“ изјавиле дека не можат да веруваат дека таа сама би си го одзела животот.
Африканската полицијата изјавила дека извшриле увид во врска со смртта на Јанеска, а во оваа фаза, органите на прогонот не го третираат случајот како сомнителен.
„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта ја потврдил лекар“, изјавил портпаролот на полицијата Масондо.
Порталот пренесува дека нејзиното момче за време на настанот било во домот.
Маја Миа беше позната инфлуенсерка, а на Инстаграм имаше околу1,2 милиони следбеници. Неодамна престојуваше во Македонија.