Просторот зад објектот на Краш во Градски sид се уредува во урбан парк со рекреативни содржини

Општина Центар денеска преку социјалните мрежи информираше дека активно работат на трансформирање на просторот зад објектот на Краш, во Градски sид во урбан парк со рекреативни содржини.

„Ги обновуваме пешачките патеки и го решаваме проблемот со протекување на подземните гаражи. Старото детско игралиште го заменуваме со ново, модерно и побезбедно, а поставуваме и фитнес зона за рекреација“, истакнаа од Општина Центар во објава на Фејсбук.

Посочија дека просторот ќе добие ново зеленило, систем за наводнување и урбана опрема, со што ќе бил уреден во современ градски парк.