Простив, но го завршив пријателството!

Заедно со „не осудувај“, простувањето е еден од оние термини за кои постојано слушаме и кои постојано ни се нафрлуваат.

Во зависност од тоа со кого зборувате, ме имаат нарекувано личност која простува и личност која не простува. Ова е нешто коешто отсекогаш ме интригирало. Или сум едното или сум другото. Но, зарем не можам да бидам и двете?

Можеби таа разлика во мислења е поврзано со работите за кои сум одлучила да простам. Некои биле покрупни работи, некои биле поситни.

Но, имало моменти кога и не сум била толку расположена за простување.

Неодамна, таква работа се случи. Личност со која бев скарана преку две години, ме контактираше од никаде-некаде и ме замоли за услуга. Услугата, којашто вклучуваше да ја одвезам на аеродром, не беше голема. Сепак, не ми се веруваше дека оваа личност има храброст да ми се обрати, особено земајќи го предвид нашето последно сретнување.

Во суштина, од причини кои се уште не ми се познати, ние се скаравме за глупост, која потоа се претвори во голема работа и на кај заврши со многу ужасен мејл од личноста и тоа беше  тоа. Тука прекина нашата комуникација, се до оваа неодамнешна молба.

Мојот одговор беше краток и јасен: „НЕ и не се обидувај повторно да контактираш со мене.“

Кога го споделив ова со моите пријатели, повеќето се согласија дека сум постапила правилно и дека тие би рекле и многу повеќе.

Темата за простувањето исто така беше покрената.

Неколку пати кажав дека ова веројатно значи дека не сум личност која простува.

Но, колку повеќе мислев на тоа, толку повеќе сфаќав дека јас во суштина и простив на оваа личност. Го имав направено тоа уште пред извесен период. Не сакав да и наштетам, ниту пак ликував на фактот дека таа беше таа која ме контактира молејќи ме за услуга. На кратко, иако не и посакував ништо лошо на оваа личност, јас не сакам истата да биде во мојот живот.

Понекогаш мислам дека луѓето го забораваат ова.

Простувањето значи да престанеш да бидеш лут или огорчен кон некого. Не значи дека мора да ги сакаме или да ни се допаѓаат. Не значи дека треба да им правиме услуги. Искрено, сакам да им правам услуги на луѓето коишто ги сакам и за коишто се грижам.

И да, сосема е возможно е да им простиме на луѓето, а понекогаш за целосно да им простиме, мораме комплетно да ги избришеме од животите.