Проституцијата и порнографијата стануваат тренд за начин на забава - младите се препуштени сами на себе

Младите се повеќе се препуштени сами на себе. Прифаќаат недолични однесувања, а проституцијата и порнографијата им стануваат тренд.

Во услови кога затајува родителско воспитание, кога наставници не се мотивирани да поработат со учениците по часовите и кога еден педагог или психолог треба да соработува со 1.100 ученици во училиште, треба многу да се работи за да се сузбие девијантното однесување на младите кое станува се по присутно во нашето општество.

Родители немаат авторитет кај децата и постои поместување на моралните вредности. Она што е негативно се прифаќа, а позитивното се занемарува. 

Многу стручни лицат велат дека за девијантните појави виновни се и медиумите.

- Проституцијата и порнографијата стануваат тренд за начин на забава. Корените лежат во тешката социјална состојба, незаинтересираноста на родителите и трендот на извртени вредности. Учениците ги прифаќаат како тренд, а не како нивна потреба, велат психолозите.