Простете, но не дозволувајте со вас да се однесуваат на начин кој не го заслужувате

Колку пати некој ви побарал прошка, а потоа повторно ги направил истите работи? И повторно и повторно. Зборот „Прости ми“ губи значење кога делата не се во линија со зборовите.

Не е до нив, тие се такви какви што се и такви ќе бидат додека самите не посакаат промени. Нам ни останува да преземе одговорност за себе и да поставиме здрави граници.

Ако не го направиме тоа ние, нема ни тие да го направат тоа, од причина што сметаат дека тоа е правилно, во смисла: „Прости ми и дозволи пак да го направам истото.“ И така тие прошки водат до еден бескраен магичен круг, сè додека ние не кажеме: „Доста е!“

Секако дека треба да им простуваме на другите, не станува збор за замерки. Се работи за тоа дека секој ќе го прави она коешто ние му го дозволуваме.

Затоа, простете, но не дозволувајте со вас да се однесуваат на начин кој не го заслужувате!