Простете им на оние кои ве повредиле – не го заслужуваат тоа, но вие заслужувате мир

 

Слушаме милион совети дека треба да простиме. Други пак велат дека никогаш не смееме да простиме, да заборавиме како сме биле повредени. Но, не е едноставно. Не постои такво нешто како решавање да се прости, ако едноставно не можеме да преминеме преку тоа.

Но, треба да знаете едно нешто. Чувањето на бесот во себе ви штети само вам, а не и на другата личност на која сте и лути. Таа можеби не е ни свесна за тоа што го чувствувате, а и да е свесна, прашање е колку и значи тоа.

Можеби сакате правда, можеби сакате одмазда, или пак едноставно не можете да заборавите на тоа што се случило. Но, треба да знаете дека вие заслужувате мир. Лутината која ја имате во себе не ви носи ништо добро. Напротив, ве спречува да бидете среќни, да уживате во животот и во дружењето со други луѓе кои сакаат да ве видат насмеани.

Тоа што некој ви го направил нема никаква врска со вас, тоа е поврзано само со тоа каква личност се тие. Не се обвинувајте и преоптоварувајте за тоа што го направиле. Тоа е нивна грешка, не ваша. Кога ќе им простите не значи дека се предавате себеси, дека попуштате и дека сте послаби, туку дека сте посилни од тоа да носите толкава болка во себе. Не дозволувајте да носите оган и токсични чувства, туку знајте дека заслужувате мир, спокој и радост.

Колку и да ви изгледа невозможно простувањето, чекор по чекор направете го за себе. Тргнете го лудилото од својот ум и опуштете се. Животот е краток за да носите такви чувства во себе. Наоѓањето мир е долга битка, која не се случува преку ноќ. Но, тоа е нешто што ви е потребно.

Простувањето не значи дека се откажувате од моќта, туку тоа дека конечно си ја враќате назад.