Прошетка во природа - може да биде магична и исцелувачка, само ако си дозволиме

Прошетката во природа може да биде магична ако му дозволиме на таквото искуство вистински да нè допре.

Photo by Kelly Sikkema on Unsplash

Ако си дозволиме да заборавиме на телефонот, да уживаме во есенските бои и во сите дарови од природата, тогаш не само што можеме да поминеме значајно време надвор, туку и да си го подобриме фокусот и концентрацијата и да го подобриме своето расположение.

Бегството од вревата е неверојатно добро. Само ние и природата и ништо друго. Сите звуци и бои околу нас. Затоа, вдишете и издишете длабоко, но свесно. Не морате да мислите на ништо, оставете ги обврските дома, потоа ќе се фокусирате на нив. Почувствувајте ја убавината на природата околу вас и магијата која таа ја создава, а на која често забораваме поради нашиот брз начин на живеење.

Photo by Jake Melara on Unsplash

Несвесно трчаме низ животот, живееме ден за ден, во себе чуваме тага и болка и не ги пуштаме да си отидат и само наталожуваме емоции, обврски и одговорности. Живееме, но како да немаме трошка живот во нас, без премногу радост. Се лутиме на другите, бараме правда, очекуваме подобар живот, ја пцуеме судбината. Си велиме, така е е како што е. 

Но, спојувањето со природата е сосема поинакво искуство, а тоа веќе го знаат оние кои слободното време го користат да појдат на Водно или друга локација надвор од градот. Заборавете на гласот на разумот кој постојано нешто мери и брои и бара решенија. Ако посакувате убавина, највеќе ќе ја најдете недалеку од себе, меѓу дрвјата и растенијата. 

Дозволете си малку мир и спокој. Не е толку тешко, нели?