Просечната цена на струјата во првата половина од годинаа 4,77 денари

Во првата половина од годината просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесувала 4,773 денари за киловатчас и бележи пад од четири отсто во споредба со втората половина од 2017 година, објави Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,355 до 7,603 денари по KWh по групи потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 16,269 до 20,616 денари по нормален метар кубен ( nm3) по групи потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесувала 33,247 денари по nm3.