Прополис како лек: Помага при воспаленија, кожни проблеми и спречува рак

Прополисот е природен антибиотик со силно дезинфекционо, антибиотичко и аналгетичко дејство. 

Природните лековити својства се базираат на витамините, минералните соли, микро елементите и етеричните масла кои ги содржи. Меѓутоа, флавоноидите имаат најсилни лековити својства. Прополисот одамна се користи во превенција и лечење на многу болести.

Стомачни проблеми

Прополисот има олеснувачко дејство кај проблемите поврзани со гастоинтестиналниот тракт. Ги спречува инфекциските заболувања  и го подобрува варењето. Придонесува за лечењ на чир, гастритис и колитис, поради своето аналгетско делување.

Воспаленија

Прополисот има аналгетско и антивоспалително делување. Тоа значи дека придонесува за регенрирање на клетките и ги намалува болките. Придонесува за подобрување на работата на респираторниот систем. Ги олеснува тешкотиите кои се јавуваат при воспаленија на грлото, а помага и кај болки во забите, како и воспаленија на усната шуплина.

Зрачења и рентгенски оштетувања

Прополисот исто така има и антирадијационо дејство. Придонесува за опоравување на оние лица кои се изложени со зрачни или рентгенски воспаленија. Се користи како превентивна мерка против појавата на некои видови тумор.

Кожни воспаленија

Прополисот има докажано дејство на кожните воспаленија. Им помага на оние кои страдаат од дерматитис и егземи. Истовремено, ги ублажува и болките предизвикани од повреди на кожата и придонесува за побрзо зараснување на раните.

Слаб имунитет

Прополисот е одличен за подобрување на имунитетот. Тој обезбедува максимална заштита на организмот во различни периоди.