Пропадна летото: Откажани аранжманите на десетици илјади Македонци, Срби и Грци

Белградски туристички агенции денеска потврдија дека добиле мејл од грчкиот тур-оператор Музенидис во кој се нагласува дека сите патувања во периодот д 27 јуни до 31 јуни се откажани.

Според медиумите во Србија под знак прашање се десетина илјади аранжмани на корисници од Русија, Северна Макеоднија, Украина, Романија, Бугарија, Србија и Босна. Во Белград според медиумите се работи на изнаоѓање решение за лицата кои уплатиле аранжани во Грција преку Музенидис.

Бугарските медиуми јавија дека под знак прашање се туристички аранжмани на ококлу 150 илјади Бугари кои уплатиле преку агенции поврзани со Музенидис травел. Според нив, секојдневно веќе добиваат информации од грчки тур-оператори дека хотелите во таа држава одбиваат да прифатат Бугари кои имаат резервации преку Музенидис.

Грчки медиуми јавија дека компанијата со седиште во Солун, ќе се обиде до 31 јули да најде решение со кредиторите и да успее во обидите за финансиска помош од државата.

Телевизијата Б92 вчера пренесе став на агенцијата Музенидис чии канцеларии се наоѓаат во Белград. Според изјавата од таму, агенцијата ќе понуди можност патниците кои веќе имаат направено резервација, истата да ја заменат со друго патување, но повеќе детали не се откриваат.