Пронајдете ја совршената диета според вашиот хороскопски знак

Овен

По природа сте нетрпеливи, сакате сè и сега, па така ја избирате и храната! Болна точка на секој Овен е храна богата со јаглехидрати.

Прво, престанете да „гнетете“ и уживајте во храната! Бидејќи сте зависник од јаглехидрати, имајте на ум дека дневно треба да се внесат максимум 2.200 калории. Здраво слабеење подразбира одземање на 500 калории на ден.

Бик

Ја сакате храната во сите етапи, од избирање состојки, преку приготвување, до консумирање. Е сега, негативна страна се – килограмите!

Научете да бидете поумерени. Наместо сè да изедете во еден ден, направете неделно мени, па мафините оставете ги за понеделник, питата со вишни за вторник, чоколадото за среда…

Близнаци

Во храната уживате како и во животот, но претпочитањето на разновидноста може да ве чини некое килце плус.

Мора да консумирате храна од сите групи на намирници. Најмногу ви одговара лесна медитеранска исхрана, распоредена во текот на денот во повеќе оброци од по 300-400 калории.

Рак

Не можете да го замислите денот без млечни производи, па така внесувате многу повеќе масти од дозволеното.

Хидрирајте се! Пијте многу вода, а понекогаш засладете се и со некој нискокалоричен газиран пијалак, така што нема да чувствувате притисок дека ќе се здебелите.

Лав

Вам ви е неопходно месо за да можете да фунцкионирате нормално, но често ја губите контролата.

Го презирате самиот збор „диета“, затоа што подразбира откажување. Вие сте љубител на храната што ви ја готват другите, а тоа може да биде и добро, затоа што друг ќе ви ги контролира порциите.

Девица

Девиците се перфекционисти кои често немаат проблеми со храната, но ризикот се појавува кога ќе претераат со консумирање храна за која се сигурни дека не дебелее.

Бидејќи не можете без леб, јадете интегрален и заштедете 200 калории на ден. И престанете да избегнувате слатко! Шеќерот ќе ви го даде неопходното задоволство, спакувано во, на пример, 1 лименка нискокалоричен пијалак.

Терезија

Сите знаат дека обожавате слатки, но неопходна ви е дисциплина. Значи, не навалувајте на слатко штом ќе отворите очи! Попаметно планирајте ги оброците. Бидејќи сте роден дегустатор, вам ви се потребни повеќе мали оброци за да им се радувате на вкусовите цел ден. Особено паѓате на зачини. Затоа, јадете добро зачинети јадења, а не висококалорични!

Скорпија

Од крајност во крајност! Или обожавате да јадете или гладувате. Пред да ја коригирате исхраната, мора да научите да бидете поумерени.

Вам не ви треба диета! Треба само правилно да ги распоредите оброците, да јадете на 3-4 часа и да внесувате доволно калории. Навалете на зеленчук и месо и засладете се со колаче или со слатка напивка.

Стрелец

Знак кој не сака органичувања, но среќа во несреќа е што воедно сте и голем љубител на физичката активност.

За вас не постојат откажувања, па десертите и напивките ви се редовен гостин на трпезата – сепак, калоричниот газиран пијалак заменете го со оној без шеќер, а белиот леб со интегрален. На тој начин штедите калории, а насмевката ќе ви го краси лицето.

Јарец

Вие најмногу уживате во кујната на мама, како и во тешка храна. Кога ќе помислите дека треба да симнете некое килце, ве фаќа паничен напад.

Тогаш да не ви спомнуваме диета! Кујната на мама е навистина најдобра, а ваше е само да не ги прескокнувате оброците и да ги ограничите порциите.

Водолија

Често немате проблем со линијата, но бидејќи сте многу дружељубиви, најголема мана ви е тоа што постојано нешто грицкате кога сте со пријатели.

„Штедете се“ за време на ручекот, па почестете се со чизкејк. Или прескокнете грицкање и испијте некоја пијачка со засладувач.

 Риби

Вие најмногу мразите да чувствувате глад, но лесно ги прифаќате новите намирници во исхраната.

И во право сте! Немојте да гладувате, а за вашата става најдобро ќе се погрижи медитеранската исхрана.