Пронајдено тело на почината жена на брегот на Вардар

Н а брегот на реката Вардар во селото Зелениково, Скопско, вчера е пронајдено тело на жена.

Според информациите од МВР, се работи за 71-годишната Г.Н. од струмичкото село Банско.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.