Пронајдено тело на лице кое беше пријавено како исчезнато уште во јуни

На 16.11.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Драчево, на патот кон место викано „Три круши“, било пронајдено тело на починато машко лице, без траги на насилство.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за В.Д.(31) од Скопје, за кој на 01.06.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.