Пронајдено оружје и муниција кај три лица од Скопје

Полицијата поднесе кривична пријава против лицата М.Д.(40), М.Д.(34) и Т.П.(39), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Кривичната следи по претрес во домовите на пријавените каде бил пронајден и одземен еден полуавтоматски пиштол калибар 7,65 мм, една рамка со шест куршуми со калибар 7,65 мм, 18 куршуми со калибар 7,65 мм и 13 куршуми со калибар 9 мм, како и еден полуавтоматски пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм.