Во текот на вчерашниот ден полицијата пронајде три починати лица на три различни локации во Скопје. Првото починато лице е пронајдено на кејот на реката Вардар во близина на паркот „Франкофонија“ во Центар.
Во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, известуваат од МВР.
Второто починато лице било пронајдено на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром
„Во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“,
Третото тело било пронајдено речиси пола саат подоцна во Карпош.
Во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“.