Пронајдени пушки и над 150 куршуми кај 64-годишен скопјанец

Вчера, со судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во домот на Љ.Б.(64) од Скопје, со престој во село Годивје, општина Дебрца.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при претресот биле пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми, кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.