Пронајдени остатоци од човечки скелет во канал покрај пруга во Ѓорче Петров

Остатоци од човечки скелет завиткани во крпа, биле пронајдени во канал покрај пругата во близина на ул. „Радушка“, во Скопје. 

Од МВР со кусо соопштение за случајот:

-На 25.09.2022 во 14.07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во канал покрај пругата во близина на ул.„Радушка“ биле пронајдени остатоци од човечки скелет завиткани во крпа. - информираат од МВР.

Увид бил извршен на лице место, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.