Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце

На 03.08.2021, по преземени мерки и активности,  полициски службеници од СВР Тетово на местото викано „Лапуф“, на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива.

Според сопственикот на нивата С.У.(67) од тетовско Теарце, таа повеќе години не била обработувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.